fbpx

Дваесетгодишен струмичанец тешко повреден по излетување на автомобил

Вчера во 03:10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица– село Баница–село Вељуса, патничко моторно возило “опел корса“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од Струмица, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.И.(20) од Струмица, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица. 

Share via
Copy link