fbpx

Еден починат и осум оздравени од Ковид-19 во Струмица

 Еден починат и осум оздравени од Ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа се направени 1.489 тестирања, а регистрирани се 14 нови случаи на КОВИД-19 во:

• Скопје – 10• Куманово, Кавадарци, Ресен и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се вкупно 13 починати лица:

по 3 лица од Скопје (61г,76г, и 86г) и Гостивар (63г,69г, и 83г), по едно лица од Струмица (80г), Кавадарци (86г), Прилеп (70г), Кочани (76г), Тетово (68г), Гевгелија (50г) и Валандово (72г).

Регистрирани се 103 оздравени пациенти од:

• Скопје – 40• Струмица – 8• Куманово и Кавадарци – по 7• Охрид и Виница – по 6• Прилеп и Кратово – по 4• Велес, Свети Николе, Радовиш и Берово – по 3• Битола – 2, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 779.581 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.071, бројката на оздравени пациенти е 147.043, на починати е 5.342, а бројот на активни случаи изнесува 2.686

Share via
Copy link