fbpx

Едно лице загина во сообраќајка на излезот од Дабиле

 Едно лице загина во сообраќајка на излезот од Дабиле

Едно лице на 47 годишна возраст загина во сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 21:30 часот на излезот од село Дабиле, пред крстосницата за Робово.

Според информациите од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во несреќата учествувале автомобили „фиат браво“ и „мерцедес“, а починатиот е возач на „мерцедесот“.

Од полицијата повеќе детали за несреќата најавуваат за утре.

Фото: архива

Share via
Copy link