„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Еуросупер 95 поевтин за половина денар, еуросупер 98 и еуродизел по стара цена
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на малопродажните цени на нафтените деривати.
Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 60,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) остануваат на исто ниво.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар и од вечерва на полноќ ќе изнесува 52,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 ден/кг и ќе изнесува 25,980 ден/кг.