fbpx

Филипче: СДСМ е партија која знае да се обновува, расте и повторно да победува

 Филипче: СДСМ е партија која знае да се обновува, расте и повторно да победува

„Во оваа кампања разговарав со илјадници луѓе. Влегов во стотици домови, прошетав по многу маала и пазари. Пораката кон нас е дека граѓаните сакаат промени во нашите политики, во нашето однесување кон нив. И ова мора да го испочитуваме веднаш по изборите. Само така ќе ја вратиме довербата и ќе ја издигнеме СДСМ онаму каде што и е местото, на врвот на политичката сцена. Дадов многу ветувања и тие ветувања немам намера да ги изневерам“, рече вечерва на митинг во Радовиш д-р Венко Филипче носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборната единица 4.

Филипче потсети на тешкиот период на владеење и справувањето со три кризи, но и на успесите како членството во НАТО и сигурното враќање на колосекот на евроинтегративните процеси. Тој пред радовишани рече дека граѓаните иако им испратија порака не замеруваат за исправноста на политиките со кои партијата во тешки времиња се грижеше за сите категории на граѓани. Притоа, ги повика граѓаните мудро да одлучат на 8 мај и да не дозволат државата да се врати во минатото туку со својот глас да одберат подобра иднина со европски стандард.

„Многу енергија потрошивме за земјата да стане членка на НАТО, да почнеме разговори за членство во ЕУ и да ги зачуваме внатрешниот мир и стабилноста преку изградбата на едно општество за сите. Некои можеби ќе речат дека премногу сме жртвувале за остварување на тие цели. Но, не заборавајте колку е тоа важно во време кога две големи војни не стивнуваат, кога младите бегаат затоа што бараат европски стандарди, кога неизвесноста е поголема од кога било. Да се мобилизираме за изборите на 8 мај и да постигнеме добар резултат. Да направиме моќна парламентарна група во Собранието која ќе може да формира коалициона влада или да се спротивстави на секој кој сака да и наштети на Македонија. Потребен ни е силен СДСМ, на граѓаните им е потребен. Партија која знае да се обновува, да расте и да победува. И јас сум убеден дека ќе постигнеме добар резултат на 8 мај. Не се откажуваме од СДСМ. Не се откажуваме од остварување на стратешките цели на Македонија. Не се откажуваме од иднината“, заврши Филипче.

Share via
Copy link