Кај жител на Добрејци полицијата пронајде марихуана и семки од растение
Градоначалникот Костадинов ги пречека пожарникарите-спасители кои се вратија од Турција
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, синоќа по полноќ ги пречека осумте пожарникари кои се вратија од спасувачка мисија од катастрофалниот земјотрес во Турција.
-Добредојдовте херои на Струмица!Вечерва после полноќ со огромно чувство на одговорност, но во исто време и неизмерна гордост ги пречекав струмичките пожарникари кои беа во спасувачка мисија во Турција.Во мое име и во име на граѓаните на Струмица ви се поклонувам до земја за се што правите за нас.Во знак на благодарност од граѓаните на Струмица донесов решение да секој од 9 спасители добие награда во износ од една просечна плата.Дополнително од наредниот месец секој припадник на ТППЕ Струмица ќе биде ослободен од обврската за плаќање паркинг во текот на целиот негов работен век.Тоа е најмалку што можам да направам.Ви благодарам синови Македонски!, објави доцна синоќа струмичкиот градоначалник.
На членовите на спасувачкиот тим за пребарување и спасување, кои во турскиот град Адијамен беа во состав на на Републичките сили за заштита и спасување при Владата на Република Северна Македонија, Костадинов им врачи и признанија.