fbpx

Жител на Василево загина во сообраќајка откако претходно му се слошило

Вчера во 07:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Василево, струмичко, Г.Ц.(64) од село Василево, управувајќи товарно возило „форд транзит“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во ограда, соопштија денеска од СВР Струмица.

Лекар од Медицински центар Струмица констатирал смрт кај возачот, кому му се слошило и починал пред ударот.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Share via
Copy link