fbpx

Градоначалникот Костадинов ја прими успешната млада пијанистка, Сара Витанова

 Градоначалникот Костадинов ја прими успешната млада пијанистка, Сара Витанова

-Јас сум горд градоначалник со такви млади луѓе каква што е Сара Витанова.Млада пијанистка од Струмица која покрај огромните интернационални успеси, ја докажува суштината и смислата за тоа што значи да се биде човек, ама во вистинската смисла на зборот, во време кога тоа е практично најтешко за постигнување, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Во ова време на кризи, младата Сара ја донира секоја своја освоена парична награда за хуманитарни цели.Сара е пример за млада успешна девојка и пушта јасна порака и до помладите и до повозрасните за тоа како вистински се сака Струмица.Драга Сара, продолжи по патот по кој одиш, толку млада а веќе формирана комплетна личност.Струмица е горда со тебе!, напиша Костадинов.

Share via
Copy link