Се уште не е безбедна водата за пиење од брана Турија за седум села во Општина Василево
Од полноќ цената на горивата паѓа за еден денар
Од полноќ за еден денар поевтинуваат бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и Еуродизел и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новите цени ќе бидат:
- Еуросупер БС – 95 – 84,50 денари;
- Еуросупер БС – 98 – 87 денари;
- Еуродизел – 97 денари;
- Екстралесно масло за домаќинство – 93,5 денари.
Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,990 денари за килограм и новата цена ќе изнесува 51,473 денари за килограм.