„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Градоначалникот Костадинов му врачи шедна книшка со 40 илјади денари на првото бебе
-Новиот жител на општина Струмица ги живее првите денови од Новата 2022 година, а мојот работен ден започна токму со посетата на новороденчето на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница Струмица, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-На мајката Тамара Пандева од селото Банско и го честитав синчето, а на новороденчето му подарив штедна книшка со 40 илјади денари и му посакав среќно и безгрижно детство, напиша Костадинов.