fbpx

Градоначалникот Костадинов му врачи штедна книшка со 40 илјади денари на првороденото бебе

 Градоначалникот Костадинов му врачи штедна книшка со 40 илјади денари на првороденото бебе

-Кога новороденчето е здраво и живо, кога мајката е бескрајно среќна поради својата втора рожба, а медицинскиот персонал од Одделението за гинекологија и акушерство презадоволен од својот професионален ангажман, тогаш на градоначалникот не му преостанува ништо друго освен да биде насмеан од радост и исполнет со позитивни емоции. Штедната книшка со 40.000 денари е само мало внимание за големото раѓање на новиот струмичанец, објави Костадинов.

-Радувајте му се драги мои струмичанки и струмичани на нашиот нов сограѓанин. Нека „повлече нога“ првото струмичко новороденче во 2024 г. и новиот член на семејството Терзиеви, за да се раѓаат уште многу, многу машки и женски здрави и убави деца во преубавата ни општина Струмица, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link