fbpx

Градоначалникот Костадинов направи увид во градежните работи во Турското маало

 Градоначалникот Костадинов направи увид во градежните работи во Турското маало

Градоначалникот Костадин Костадинов со претседателот на Советот Марјан Даскаловски, членови на истиот и претставници на општинската администрација, денеска го посетија Турското маало за да го видат расчистениот простор во којшто се наоѓаше старата маларична болници и дивоградбите околу неа.

Градоначалникот е задоволен од завршениот прв чекор од овој проект и им се заблагодари на граѓаните за поддршката и разбирањето.

-На барање на жителите на ова маало беше потенцирано дека приоритет во нашето Турско маало е да има мултифункционално спортско игралиште каде што ќе можат дечињата да имаат различни спортски активности. Првиот чекор беше расчистување на теренот и тоа е веќе завршено, јас сум благодарен за трпението од жителите во Турското маало, за разбирањето на жителите од овој дел на градот оти секое рушење само по себе не е благодарна работа, имаме различни постапки, законски рокови коишто мораме да ги испочитуваме, но еве сведоци сме дека сето тоа заврши. Дополнително до крајот на месецот ни е предвиден и ребаланс на буџетот, веќе имаме и проектна документација и јас сум сигурен дека огромен дел од советниците ќе дадат поддршка за да предвидиме средства според проценките коишто ги имаме направено за износот од 6 милиони денари за ова прекрасно место да стане уште поубаво. Имаме предвидено спортско игралиште и паркинг за автомобили, но и на барање на црквата Свети 15 и на џамијата, паркинг за автобуси затоа што имаме огромен број на посетители коишто доаѓаат да го посетат Храмот на Светите 15, но и џамијата. Со тоа реализираме повеќе аспекти коишто сме ги ветиле пред година и половина пред сите граѓани. Многу често одредени поединци, најчесто од опозицијата ме обвинуваат зошто инвестираме во Турското маало? Од овде сакам да порачам дека нема да ме предомислат во однос на инвестициите, затоа што искрено верувам во аспектот и мултиетничкиот карактер на општина Струмица и силно верувам во нашата визија дека Струмица треба да биде град со еднакви можности за сите и за Македонците, Турците, Ромите, Србите и за сите етнички заедници коишто живеат во нашата преубава Струмица. Затоа не ме поколебаа да го реконструираме оштетениот дел од улицата „Славчо Стојменски“, ниту ќе ме предомислат да ја реконструираме улицата „Бетовенова“, ниту за бетонирање на џебовите бидејќи јас сум одел по таа кал која што се уште стои и ќе ги бетонираме за да обезбедиме подобри услови за жителите од овој дел во градот. Пред некое време го пуштивме и детското игралиште, дечињата од Турското маало немаа простор каде што можат да си играат, тоа е завршено со средства во износ од 2,5 милиони денари од општинскиот буџет, дополнително потпишани се договорите со „Комуналец“ за партерното уредување и навистина овозможуваме соодветни и достоинствени услови за живот на жителите од моето Турско маало. Таквата грижа за сите, како еден принцип на менаџирање со многу силна општина каква што е Струмица, ќе ме води до крајот на мојата политичка кариера, рече градоначалникот Костадинов.

Share via
Copy link