Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Грк пронајден починат кај преминот „Богородица“
Вчера во 08:15 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на паркинг простор на терминалот во близина на Граничен премин „Богородица“ во патничко моторно возило „хјундаи“ со грчки регистарски ознаки бил пронајден починат грчкиот државјанин С.С.(59).
Лекар од Итна медицинска помош Гевгелија констатирал смрт без траги на насилство.
Увид на местото бил извршен од увидна екипа од ОВР Гевгелија, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.