fbpx

Гром усмрти малолетник во гевгелиско Негорци

 Гром усмрти малолетник во гевгелиско Негорци

Попладнево околу 15:30 часот гром усмртил малолетник во гевгесликот село Негорци, откако овој регион бил зафатен од силно невреме проследено со грмотевици и молњи.

Во соопштението од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова стои дека денеска во 15:30 часот во Одделението за внатрешни работи Гевгелија било пријавено дека во атар на село Негорци, гевгелиско, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со изгореници по телото кај малолетник наверојатно од удар од гром, кој во тој момент напасувал добиток.

По наредба на јавен обвинител телото телото на починатиот малолетник било предадено на обдукција.

Share via
Copy link