Полициски билтен:пронајдена марихуана и пушки кај жител на Сушица, физичка пресметка во Раклиш
На 06.03.2024 во 16.30 часот во село Сушица, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Л.Д.(26) од село Сушица. При претреси на две локации во селата Сушица и Турново, кои ги користел Л.Д., извршени со судски наредби, биле пронајдени и одземени марихуана, ловечка пушка, воздушна пушка и повеќе патрони за ловечка пушка. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против Л.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.03.2024 во 13.20 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во село Раклиш, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.М. и В.Н., двајцата од село Раклиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.