Вчера во 16:00 часот на магистралниот пат Радовиш-Штип, кај клучка Радовиш, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха YZF R-6“ со швајцарски национални ознаки, управуван од Н.Б.(26) од Радовиш и товарно моторно возило „мерцедес 970“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(31) од Штип. По незгодата Н.Б. и неговиот сопатник С.М.(23) од с.Ињево, радовишко, биле […]
Вчера во 16:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на улица „Маршал Тито“ во Струмица, патничко возило „опел зафира“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.В.(49) од Струмица, удрило во З.Ѓ. (60) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.Ѓ. и била пренесена во Медицински центар Струмица за укажување на […]
Автомобил удри во пешак попладнево околу 16:00 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица. Несреќата се случила на пешачкиот премин кај експозитурата на „Комерцијална банка“. Портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска ја потврди информацијата. Таа информираше дека автомобилот удрил во жена, која веднаш била пренесена во болницата. Повеќе информации за сообраќајката Рендевска најави по завршувањето на […]
На 29.08.2020 во 23,30 часот Р.С.(63) од Струмица пријавил дека во Струмица додека превезувал едно лице во неговото такси возило, тоа најпрво му ги одзело клучевите од бравата, а потоа со закана со нож му го одзел мобилниот телефон по што го напуштил местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот. Извор: Билтен на […]
Синоќа во 20:00 часот, во село Банско, поради основано сомневање за сторено кривично дело “разбојништво“ над 23 странски државјани-мигранти од слобода се лишeни: А.З.(44), Е.З.(41) и З.Р.(33) сите од с.Банско. Имено тие од мигрантите одзеле ранец, 15 мобилни телефони и пари. Осомничените се задржани во Полициската станица Струмица. СВР-Струмица работи на целосно расчистување и документирање на […]
Во соообраќајка на четири возила, што се случи утрово околу 09:00 часот на патот Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Василево, полесно се повредени три лица. Повредените се пренесени со Итната медицинска помош во струмичката болница и според првичните сознанија станува збор за полесни повреди. Полицијата врши увид на местото на сообраќајката.
Секторот за внатрешни работи-Струмица во соработка со Државниот пазарен инспекторат, во рамките на своите надлежности во претстојниот период ќе продолжи со превземање интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето, насочени во делот на: присуство на малолетници во угостителски објекти после 24,00 часот, непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, точење алкохолни пијалоци […]
Вчера во 20.00 часот во Полициската станица Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик, бил приведен бугарскиот државјанин Г.С.К.(45). На магистралниот пат во близина на село Сушица, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица извршиле преглед на товарно возило „волво“, кое го управувал Г.С.К., при што пронашле и одзеле […]
На 21.08.2020 околу 04.00 часот, на локалниот пат кој води кон село Триводи, струмичко, полициски службеници забележале товарно возило „ивеко“, без регистарски ознаки. Возачот, откако го забележал службеното моторно возило, запрел, излегол од товарното возило и побегнал, заедно со лицата кои биле во возилото. По извршениот преглед и претрес на теренот биле пронајдени 55 мигранти. […]
Денес околу 08:30 часот во близина на Рекиџиски мост на излезот од Струмица кон село Добрејци, пожарникарите извлекоа жена падната во водите на каналот. Таа е извадена жива и неповредена и предадена на екипа на брза помош, по што била префрлена во Струмичката болница. Во извлекувањето на жената ТППЕ Струмива интервенирале со едно технилко противпожарно […]