fbpx

МВР со детали за вчерашната сообраќајка во Струмица

 МВР со детали за вчерашната сообраќајка во Струмица

Вчера во 16:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на улица „Маршал Тито“ во Струмица, патничко возило „опел зафира“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.В.(49) од Струмица, удрило во З.Ѓ. (60) од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.Ѓ. и била пренесена во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Share via
Copy link