Градоначалникот Костадинов го објави изгледот на новиот парк во поранешната касарна
Изјава на Иницијативата за вонреден конгрес на ВМРО ДПМНЕ во Струмица
Денес Зоран Заев повторно е премиер.Зоран Заев кој беше критикуван дека го сменил името, дека дозволил двојазичност или дека склучил штетен договор со Бугарија, повторно ќе ја води владата, изјави Десанка Илиевска, член на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица.
-Зоран Заев кој беше критикуван дека не направил ништо за земјоделците и дека тоне во корупција, ќе има контрола и врз извршната и врз законодавната власт.Критики за неговите неисполнети ветувања во Струмица имаше многу. За жал на крај во Струмица, Заев не победи со разлика од скоро 50%. СДСМ освои над 14,5 илјади гласови, а ВМРО-ДПМНЕ над 10,5 илјади.
Катастрофата што се случи е факт. ВМРО не победи во Струмица, иако раководството прогласуваше победа.
Бевме поразени и тоа не заради лошото владеење на Заев и СДСМ. Тоа го знаеја сите.
Бевме поразени заради тоа што струмичани не препознаа соодветна политичка понуда од наша страна.
Имавме и лошо скроени кандидатски листи и непрепознатлива програма. Раководството на партијата ниту ја слушаше, ниту ја консултираше базата.
Исто така и базата не добиваше соодветни насоки за работа од раководството.
Се на се, целосна некоординација и дисфункционалност во работењето.
Комитетот не работи како што треба, а односите внатре не се на потребното ниво.
За ваквата состојба мора да има одговорност. Одговорни не се членовите на месните комитети или општинскиот. Одговорно е највисокото раководство.
ВМРО-ДПМНЕ мора да им се врати на победите. Затоа мора да се смени врвот.
Ние како членови од Општинскиот комитет Струмица се приклучуваме на барањето на останатите општински комитети и иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес и избор на ново раководство.
Само со ново раководство може да се надеваме дека ќе ја вратиме довербата на граѓаните и на тој начин да добиеме шанса да им помогнеме и на нив и на државата, рече на крајот Илиевска.