Полициски билтен:пронајдена марихуана во Струмица и Радовиш, физичка пресметка во Гевгелија
Изгоре покрив од зграда во Струмица

МВР соопшти дека синоќа во 21:50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанал пожар на покрив од станбена зграда лоцирана на улицата „Никола Тесла“ во Струмица.
Станарите биле безбедно евакуирани, пожарот бил изгаснат и повредени лица нема.
Увид на местото на настанот во текот на денот ќе извршат инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица.
Фото: архива