Градоначалникот Костадинов поканува на присуство на новогодишна бајка на плоштадот
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД НАСЕЛБАТА СОФИЛАР
Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за присуство на расправа за да се изјаснат во постапката за експропријација на улиците број 1 и 2 (во близина на затворот).
Од суштинско значење е завршувањето на овој процес за да може ВЕДНАШ да се започне со изградба на фекална и атмосферска канализација, како и асфалтирање на овие 2 улици.