„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Јавен повик од Општина Струмица за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во градинките
Врз основа на Програмата V2 – Програма за социјална заштита и заштита на децата („Службен гласник на Општина Струмица“ бр. 22/22), на ден 16.01.2023 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
за
пројавување интерес согласно Одлуките за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и
ЈОУДГ „Виножито“ Струмица
1.Правото на партиципација во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица се остварува за дете од семејство на самохрани родители кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на Република Северна Македонија или невработени лица кои живеат на територија на Општина Струмица.
2.Самохрани родители кои влегуваат во оваа категорија и имаат право на ослободување на плаќање надомест за престој на своите деца во тековната 2023 година, започнувајќи од 01.01.2023 до 31.12.2023 година се родителите на деца кои престојуваат во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица, доколку:
-Eден од родителот е починат;
-Eден од родителот е непознат;
-Детето е од разведен брак.
3.Подносителот на пријавата – самохран родител кој ги исполнува горенаведените критериуми, за остварување на правото за ослободување на плаќање надомест за престој на деца во ЈОУГД „Детска радост„ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица треба да ги приложи следните документи:
-Пријава за пројавување интерес согласно Одлуките за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица (може да се преземе од веб страната на Општина Струмица или од архивата при Општина Струмица)
– Фотокопија од лична карта на подносителот на пријавата;
– Потврда за просечна плата на самохраниот родител за последните три месеци;
-Потврда од Агенцијата за вработување доколку подносителот е невработено лице евидентирано во Агенцијата;
-Фотокопија од извод на матична книга на родени на детето;
-Доколку едниот родител е починат, фотокопија од извод на матична книга на умрени;
-Доколку родителите се разведени, доказ за престанок на брак;
Изборот на кандидати кои ги исполнуваат условите ќе се врши од страна на Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струмица;
За да бидат прифатени пријавите целокупната документација е потребно да се достави исклучиво по препорачана пошта или лично во архивата на Општина Струмица, во запечатен плик на кој е назначено дека е за Јавен повик – за пројавување интерес согласно Одлуките за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ Виножито Струмица, во работни денови од понеделник до петок, помеѓу 08:00 и 16:00 часот, започнувајќи од 16.01.2023 година заклучно со 23.01.2023. година.
На предната страна на пликот Во горниот лев агол освен горенаведеното да стои и: „Не отварај“, а во долниот десен агол да стои: Општина Струмица, Ул.„Сандо Масев“ бр. 1.
Лице за контакт:
Емилија Пандева
е-мail: emilija.pandeva@strumica.gov.mk