fbpx

Кај четворица радовишани пронајдени кокаин и марихуана

 Кај четворица радовишани пронајдени кокаин и марихуана

На 29.07.2023 година во 00.50 часот на паркинг простор на планина Плачковица полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Ј.Р. (26) од Радовиш и Ѓ.И. (29) од село Раклиш, радовишко, затоа што при преглед кај Ј.Р. бил пронајден кокаин, информираа денеска од СВР Струмица.

Во службен разговор извршен со него во полициската станица истиот признал дека кокаинот му го дал Ѓ.И.

Лицата се задржани во полициската станица Радовиш.

Истиот ден во 20.00 часот на регионален пат Радовиш – планина Плачковица, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Д.З. (30) и С.К. (40), двајцата од Радовиш. При преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Фото: архива

Share via
Copy link