fbpx

Кај двајца гевгеличани пронајдена дрога

 Кај двајца гевгеличани пронајдена дрога

На 31.01.2023 во 15:00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода М.П.(42) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден амфетамин, соопштија денеска од СВР Струмица.

Истиот ден во 17.45 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода и Д.Д.(39) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана, семки од марихуана и дигитална вага.

За настаните е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Фото: архива

Share via
Copy link