fbpx

Камион се преврте на Валандовско брдо, едно лице загина

 Камион се преврте на Валандовско брдо, едно лице загина

Едно лице загина на патот Струмица-Валандово, на Валандовско брдо откако камион се струмички регистарски таблички излетал од патот и се поревртел.

Според информациите од СВР Струмица, тешката сообраќајна несреќа се слчучила околу 14:30 часот, кога каминот од засега неутврдени причини се превртел на еден свиок на Валандовско брдо, а едно лице загинало на местото на несреќата.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на полицијата, а заради сообраќајната несреќа сообраќајот се одвиваше отежнато во двата правци.

Фото: архива

Share via
Copy link