Македонските олимпијци под „научен скенер“ за Лос Анџелес 2028
Карневалски групи од Струмица на карневалот во Врњачка Бања

Своето најново претставување , карневалските групи: “Струма”,”Мулен Руж” и “Газели”, како претставници на Струмичкиот карневал, го имаа на 18. Врњачки карневал, кој се одржа вчера во Врњачка Бања, Србија.

-Нивните атрактивни маски, кои сме навикнати да ги гледаме, ја збогатија понудата на интернационалната карневалска поворка, оставајќи силни впечатоци кај публиката. Трпеливо ги чекаме моментите кога тие, со најнови креации, ќе се претстават и пред нашата домашна публика, информираше Хризантема Рендевска од Орагнизациониот одбор на Струмичкиот карневал.
