fbpx

Клубот на млади при Црвен крст Струмица активно учествува во ПХВ обуките

 Клубот на млади при Црвен крст Струмица активно учествува во ПХВ обуките

Клубот на млади при Општинска организација на Црвен крст Струмица и оваа година со свои претставници внимателно ги следеше претходните две работилници кои беа со различна тема.

Поради моменталната ситуација, работилниците за Промоција на хуманите вредности-ПХВ- беа одржани онлајн од страна на координаторот на програмата Александра Ристовски.

-Благодарение на ПХВ работилниците младите на полесен начин ја развиваат својата креативност, слободно ги искажуваат своите идеи, со задоволство учат како е да се работи во тим, ги зајакнуваат капацитетите, и што е најважно имаат можност самите да бидат креатори на некои активности кои ќе бидат од голема важност за целата општинска организација, информираат од струмичкиот Црвен крст.

За сите они кои сакаат да бидат дел од ЦКА/ПХВ 2021 секој четврток со почеток од 18:00 часот ќе има предавање на различни теми, за кои претходно ќе биде објавен линк на кој ќе можат да се вклучат сите заинтересирани.

Инаку, традиционално секоја година на државно ниво се одржуваат ПХВ обуки кои се од огромна корист за младите.

Share via
Copy link