fbpx

Колешинскиот водопад и Мокринските извори збогатени со нови содржини

 Колешинскиот водопад и Мокринските извори збогатени со нови содржини

Колешинскиот водопад сместен во срцето на планината Беласица, во рамки на активности на проектот „Туризмот – иднината на регионот“ кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, финансиски поддржан од Бирото за регионален развој доби нови содржини, информираа од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Поплочена е патека за искачување до водопадот, поставена е нова ограда на местата каде немаше досега и поправена е веќе постоечката, порамнет и насипен е теренот за паркирање покрај кој е додадена паркинг конструкција за велосипеди, обновнени се постојните летниковци, изработена е нова дрвена платформа, поставени се нови канти за отпадоци, клупи, маси, дрвени патокази и сообраќајни знаци со што на туристите ќе им се овозможи пријатен престој при посета на овие туристички дестинации.

Мокринските извори се збогатени со нова бетонирана пристапна патека за лицата со посебни потреби, адаптиран е еден летниковец за лесен пристап со инвалидска количка и обележани се паркинг места за истите. Покрај оваа содржина дополнително се изградени нови летниковци и поправени се постојните, целокупно се заменети старите реквизити со нови (поставени нови канти за отпадоци, дрвени патокази и сообраќајни знаци), изработена е традиционална македонска фурна која сите посетители можат да ја користат.

Вредноста за реализираните активности изнесува 4.609.623,00 денари со вклучен ДДВ.

Share via
Copy link