Костадинов: Жените се срцето на нашата заедница – основата на нашите семејства
Компанија на семејството Заеви донираше уште едно амбулантно возило на болницата
Компанијата „Тота Инженеринг“, компанија на семејството Заеви, денеска донираше уште едно комплетно опремено амбулантско возило за транспорт на пациенти на струмичката болница, како и заштитна опрема за вработените во Ковид центарот, објавија од струмичката болница.
И лани, на 15 ноември, компанија на семејството Заеви донираше амбулатско возило на струмичката болница, како и медицинска опрема.
Во продолжение комплетната објава на струмичката болница:
Во време кога сите ние -и здравствените работници и пациентите се соочуваме со најголемиот предизвик – битката со Корона вирусот,сакам да се заблагодарам на сите општествено одговорни компании кои даваат свој придонес и поддршка се во интерес на пациентите.
Голема благодарност до Тотал Инженеринг – фирма на семејството Заеви која денес донираше уште едно комплетно опремено амбулантско возило за транспорт на пациенти , како и заштитна опрема за вработените во Ковид центарот.Да бидеме одговорни-НОСЕТЕ МАСКИДРЖЕТЕ ДИСТАНЦАОДРЖУВАЈТЕ ХИГИЕНА НА РАЦЕТЕСите заедно секој со својот придонес ЌЕ УСПЕЕМЕ !