fbpx

„Комуналец“ апелира рационално да се користи водата за пиење

 „Комуналец“ апелира рационално да се користи водата за пиење

Врз основа на податоците од УХМР и најавените високи температури кои се очекуваат во наредните денови ЈПКД „Комуналец„ Струмица апелира до граѓаните на Град Струмица и населените места за рационално користење на водата за пиење, односно да се користи само за хигиенски потреби.

-Да избегнуваме полевање на дворови и миење на површини,т.е. да не се се троши непотребно. Со рационалното користење на водата за пиење ќе се придонесе за стабилност на системот и континуирано водоснабдување на сите граѓани посебно во жешките денови што е впрочем и наш најголем приоритет, соопштија од ЈПКД „Комуналец“.

Share via
Copy link