fbpx

„Комуналец“ ги чистеше Градските гробишта и депонијата на влезот во Баница

 „Комуналец“ ги чистеше Градските гробишта и депонијата на влезот во Баница

ЈПКД „Комуналец“ Струмица организираше акција за чистење на просторот околу и во градските гробишта како и отстранување на мини дивата депонија на влезот во Баница која се појавува секој месец.

Континуирано со сите расположиви ресурси се работи на терен за чистење и подобрување на лошата слика кои ја прават граѓани кои неодговорно се однесуваат кон животната средина.

-Се надеваме дека апелите и укажувањата за пријавување на отпадот на бројот 13 110, за фрлање на отпад исклучиво во кантите за отпадоци и контењери ќе допрат до сите вас а со тоа сите заедно ќе имаме поубава почиста околина, стои во информацијата од ЈПКД „Комуналец“.

Share via
Copy link