fbpx

„Комуналец“ го чисти каналот на „Крушевска Република“

 „Комуналец“ го чисти каналот на „Крушевска Република“

ЈПКД „ Комуналец“ започна со генерално пролетно чистење на каналот на „Крушевска Република“ со што освен подобрувањето на изгледот и хигиената на самиот канал, се превенира од создавање на поплави од поројни дождови во летниот период.

Во акцијата е соберена и депонирана сета трева и растенија, сите нови израстоци на трева и растенија во каналот и околу него се сосечени и соберени,а целата наталожена земја и исушена кал ќе биде собрана и извадена од и околу каналот.

-Апелираме до сите граѓани кои живеат во овој дел на градот за посовесно однесување и забрануваме секакво фрлање на одпадоци во каналот. Домакинствата својот отпад да го пријават во Одделението “Комунална хигиена“ при ЈКПД ,,Комуналец“, или на бројот 13-110 за да може истиот да биде навремено подигнат, велат од струмичкото комунално претпријатие.

Share via
Copy link