fbpx

„Комуналец“ ја исчисти дивата депонија на „Антон Панов“, подигнати 50 камиони отпад

 „Комуналец“ ја исчисти дивата депонија на „Антон Панов“, подигнати 50 камиони отпад

Изминатиот викенд и деновиве екипа на ЈПКД Комуналец Струмица со механизација и работна екипа изврши целосно чистење на настанатата дива депонија на улица „Антон Панов“.

-Во акцијата која траеше 5 дена беа соберени и отстранети околу 50 камиони секаков отпад. Местото е комлетно исчистено и сега останува до совеста на граѓаните посебно на оние кои живеат околу оваа локација да покажат и докажат дека се еколошки совесни и знаат дека не треба секое празно место, нива, или плац да се користи за истурање на смет, градежен шут, и друг отпад, објавија од ЈПКД „Комуналец“.

Додаваат дека ЈПКД „Комуналец“ редовно го подига сметот од домакинствата уредно оставен во пластичните контењери. Ги известуваат сите граѓани дека на бројот 13 110 можат да пријават секој друг свој отпад и истиот ке биде подигнат од пред нивниот двор во најскоро можно време.

Share via
Copy link