„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Според законот за управување со отпад ЈПКД „ Комуналец „ како фирма која управува со собирањето на отпад е должна на граѓаните да им овозможи канти во кои согласно истиот закон се должни да вршат примарна селекција на отпад. Под примарна селекција на отпад се подразбира дека секое домаќинство мора одделно во различни канти да става хартија, пет пластиката и останат смет, соопштија од струмичкото комунално претпријатие.
-За таа цел ЈПКД „ Комуналец „ започна со поставување на 60 контејнери од 1.1 метри кубни во две бои сина за хартија и жолта за пет пластика. Контејнерите се поставени во дворовите на сите средни и основни училишта како и на 20 локации низ градот. Се напоменува дека истите се само за одреден тип на отпад, сини за хартија и жолти за пет пластика. Депонирање на друг вид отпад во нив е строго забрането и ќе биде санкционирано од страна на инспекциските служби. Деновиве делот од домаќинствата кој не добија канти за рециклирање истите ќе им бидат доставени, со што секое домаќинство покрај стандардната канта за отпад што ја поседува ќе има и уште една канта за примарна селекција за отпад. Примарната селекција на отпад која е законска за сите домаќинства секако ќе допринесе да добиеме почиста животна средина и помалку смет како и поголема функционалност на ЈПКД „ Комуналец“ кој како фирма работи и се грижи за управувањето со отпад, се наведуба во информацијата од ЈПКД „Комуналец“.