Кај жител на Добрејци полицијата пронајде марихуана и семки од растение
МВР соопшти дека вчера во 08:35 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода С.Н.(65) од село Добрејци, струмичко, кај кого при преглед била пронајдена марихуана и семки од растение. Врз основа на наредба на судија од Основен суд Струмица, бил извршен претрес во домот во кој престојува лицето, во село Три води, струмичко, при што биле пронајдени пет пакувања со марихуана.
Тој бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно расчистување на случајот, против С.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: архива