fbpx

Корона вирусот не си заминува од Струмица-седум нови случаи

 Корона вирусот не си заминува од Струмица-седум нови случаи

Во последните 24 часа направени се 2.133 тестови, а регистрирани се 214 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 135• Битола – 20• Прилеп и Охрид – по 10• Кавадарци – 8• Струмица – 7• Куманово – 5• Кочани – 4• Тетово, Велес, Кичево и Гевгелија – по 2• Штип, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Вландово и Виница – по – 1.

Од вкупниот број на позитивни (214), регистрирани се 33 реинфекциии.Од вкупниот број на починати лица ( 8 ), кај 7 се регистрирани коморбидитети.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: по две починати лица од Скопје (83г и 79г) и Битола (78г и 68г) и едно починато лице од Кочани (76г). Сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од Скопје (1), Куманово (1) и Тетово (1), на возраст од 59 до 69 години. Пријавените лица се починати во период од 12.02. до 25.02.2022 година. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови и две лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 96 оздравени пациенти од:

• Скопје – 64• Охрид – 8• Куманово и Велес по – 5• Кавадарци – 4• Битола – 3• Кочани – 2• Кичево, Гевгелија, Струга, Радовиш и Кратово по – 1.

Направени се 2.133 тестови преку: ИЈЗ-189, ЦЈЗ Скопје-102, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-40, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–157, Жан Митрев (Филип Втори)-27, Авицена-50, Биотек-61, Систина-28, лабораторија Лаор-87, Синлаб-4, Ремедика-0, Плодност-27, Генеа-3, Никоб Лаб-132, ВФВ Медикал-45, Ели Медика Плус-15, Ројал Медика–17, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-5ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.006.

Досега во земјата се направени вкупно 1.937.970 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.354, бројот на оздравени пациенти е 292.048, на починати е 9.180, а бројот на активни случаи изнесува 2.126

Share via
Copy link