Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Костадинов: Ги поддржувам сите проектни иницијативи кои носат бенефит за граѓаните
-Како човек и градоначалник чиј предизвик е напредокот и лично и професионално, ги поддржувам сите проектни иницијативи кои носат бенефит за граѓаните.Една таква иницијатива денеска поддржав со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу партнерите во спроведувањето на проектот „Мултифункционален повеќенаменски центар за развој на заедницата во рамките на општина Струмица и микро-регионот“, објави денеска градоначалникот Костадин Костадинов.
-Овој центар ќе овозможи реализација на разни активности од страна на жителите, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата во регионот со што се обезбедуваат современи и модерни услови за испорака на услуги во заедницата, а што пак ќе значи подобри услови за живот на локалното население.Проектот „Програма за развој на заедницата“ е финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, а имплементиран од страна на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија со партнерите ЛАГ Беласица-Огражден, општина Струмица, Здружение за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРОФАРМЕРИ – Струмица и ДГУТ Конинг градба, напиша струмичкиот градоначалник.