fbpx

Костадинов го отвори Шестиот меѓународен симпозиум по археологија „Алатки и оружја“

 Костадинов го отвори Шестиот меѓународен симпозиум по археологија „Алатки и оружја“

НУ „Завод и музеј Струмица“ по шести пат биенално го организира Меѓународниот симпозиум по архиеологија, културна антропологија и на нив компатибилните науки, кој во наредните три денови се одржува во хотелот „Сириус“ во Струмица.

-Ако првиот обид од нив ја обработуваше водата како задоволство и живот, втората смртта како вечна тема за вечноста, третиот симпозиум ја обработуваше архитектурата и градежништвото, четвртиот симпозиум ги обедини сите постулати претходно спомнати односно се зборуваше за животот воопшто, за петиот симпозиум се одбра тема кој го окупирала и фасцинирала човекот веднаш штом тој почнал да размислува и да го создава светот околу себе, односн култот и религијата.  Со појавата на алатките човекот создава нови видови на егзистенција и освојува нови простори за живеење, унапредувајќи се и усовршувајќи ги алатките всушност алатките го создаваат човекот.Токму таа интерактивност помеѓу човекот и неговите алатки ќе биде темата на шестиот по ред меѓународен симпозиум по археологија на кој ќе учествуваат 26 учесници со 23 труда од Македонија, Балканот и Европа, еминентни имиња и признати и потврдени научници од областа на археологијата, антропологијата, историјата на уметноста, етнологијата и друг и мултидисциплинарни науки, објавија од НУ „Завод и музеј Струмица“.

Симпозиумот го отвори градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Нашата Струмица со сите свои вредности и убавини, од секогаш била и е посакувана дестинација за одржување на значајни домашни и меѓународни настани од сите области.Има ли поубаво нешто за еден „градски татко“, од сознанието дека Заводот и Музеј во градот и општината со кој раководи, е единствената установа од областа на заштитата на културното наследство и музеологијата во земјава, која континуирано организира меѓународен научен собир од областа на археологијата, антропологијата, историјата на уметноста и ним сродните науки.Токму затоа, со задоволство ја прифатив поканата и го отворив меѓународниот симпозиум кој биенално по шести пат се одржува во нашиот град. Со овој научен собир, археологијата и културната антропологија ќе бидат побогати со нови сознанија, како траен бенефит за науката, а нашата Струмица со уште една потврда на добар домаќин и Општина секогаш отворена за размена на искуства на еминентни научници од државата и светот, рече Костадинов.

Заради познатата ситуација со пандемијата еден дел од учесниците го откажаа присуството а другите ќе бидат презентирани онлајн на годишниот симпозиум има учесници од Англија, Франција, Италија, Хрватска, Србија, Ромунија, Бугарија и се разбира Македонија.Се планира два дена, поделени и во по 2 сесии, учесниците да презенираат и дебатираат за свои искуства, гледања и ставови и за понудената тема.

Share via
Copy link