fbpx

Костадинов: Струмица е и останува родова сензитивна општина

 Костадинов: Струмица е и останува родова сензитивна општина

-Струмица е и останува родова сензитивна Општина. И мажите и жените активно учествуваат во локалното управување и одлучување. Но, мора да го зајакнеме учеството на жените во овие процеси. Да ја подигнеме нивната самодоверба, слободно и без предрасуди, да го изнесат своето мислење и да влијаат на квалитетот на управување и донесување одлуки во нивните заедници, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој денеска присуствуваше на собирот на „Организација на жени од Струмица“ на завршна промоција на проекто “Презентација на клучните приоритети на жените од три заедници во Општина Струмица”.

-Денеска потврдивме дека тоа го сакаме и можеме.Во соработка со Организацијата на жените од Струмица, со моите сограѓанки од три заедници, населените места Дабиле и Добрејци и 6-та урбана заедница, разговаравме и баравме решенија за проблеми со кои тие се соочуваат во нивното место за живеење. Се договоривме, проблемите ќе ги решиме во новата буџетска година. Ги охрабрив да бидат погласни и поодлучни. Жените секогаш ќе ја имаат мојата поддршка. Во мојот градоначалнички мандат ќе се залагам за рамноправна застапеност на жените во раководните структури во општинските институции 50-50, развој на женското претприемништво и формирање на здружение на бизнис жени, напиша градоначалникот Костадинов.

Share via
Copy link