fbpx

Тројца починати и двајца оздравени од Ковид-19 во Струмица

 Тројца починати и двајца оздравени од Ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа направени се 1.245 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 93• Кавадарци – 11• Битола – 5• Прилеп и Струга – по 2• Куманово, Велес, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 18 починати лица:

6 починати лица од Скопје (63г, 68г, 70г, 71г, 72г и 89г), 3 починати лица од Струмица (71г, 73г и 87г), по 2 починати лица од Пробиштип (60г и 67г) и Неготино (66г и 90г) и по едно починато лице од Битола (81г), Демир Хисар (87г), Кочани (78г), Кратово (79г) и Штип (65г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 03.11.2021 до 26.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Куманово (1) и Пехчево (1). Починатите лица се на возраст од 61г до 88г. Две од пријавените лица се починати во болнички услови и две лица во домашни услови .

Регистрирани сe 396 оздравени пациенти од:

• Скопје – 175• Битола – 37• Прилеп – 26• Кавадарци – 16• Штип – 15• Куманово – 13• Кочани – 12• Тетово – 11• Крива Паланка, Гевгелија и Берово – по 10• Велес – 9• Кратово и Делчево – по 8• Демир Хисар – 6• Охрид и Неготино – по 5• Валандово – 4• Свети Николе и Пробиштип – по 3• Струмица-2, Радовиш и Демир Капија – по 2• Струга, Гостивар, Кичево и Пехчево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.468.996 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.125, бројот на оздравени пациенти е 199.460, на починати е 7.569, а бројот на активни случаи изнесува 8.096

Share via
Copy link