Општинската зграда осветлена во портокалово за деновите на активизам против родово базирано насилство
-Ја осветливме општинската зграда со портокалови филтри и се вклучивме во кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, објави вечерва градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Сега и секогаш ќе бидам против сите видови насилство и ја давам мојата поддршка на сите активности со кои се подига јавната свест за спротивставување на насилството и ќе иницирам максимално почитување на човековите права. Струмица меѓу првите Општини во државата се вклучи во имплементација на Законот за еднакви можности на мажите и жените усвоен во 2006 година.Струмица е прва Општина која финансиски го поддржува Шелтер центарот за згрижување на жени и деца жртви на семејно насилство, напиша Костадинов.