fbpx

Костадинов:Мирот и безбедноста на граѓаните за нас се секогаш на прво место

 Костадинов:Мирот и безбедноста на граѓаните за нас се секогаш на прво место

-Струмица денеска беше почестена што токму од тука, од градскиот парк, започна реализацијата на иницијативата „Од Вас, за Вас“ во рамките на концептот „Полицијата – сервис на граѓаните“, напиша градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, началникот на СВР Струмица Дејан Ефтимов, со членовите на Советот и граѓаните на Струмица имавме можност да ги видиме капацитетите со коишто раполага полицијата.Општина Струмица и Полицијата имаат одлична соработка која најголеми резултати даде во функционирањето на Локалниот совет за превенција преку кој се решија повеќегодишни проблеми на граѓаните.Така и ќе продолжиме во интерес на граѓаните на Струмица, објави струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link