fbpx

Крадел од плац за градежни материјали во Струмица

 Крадел од плац за градежни материјали во Струмица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица утрово го лишиле од слобода Д.А.(32) од струмичкото село Василево.

Како што информира МВР, Д. А. бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на тешка кражба во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link