Костадинов: Жените се срцето на нашата заедница – основата на нашите семејства
Кривична против трoјца полицајци за малтретирање во вршење на службата
Денеска Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави кривична пријава против полициските службеници Е.С., Р.Ш. и М.Р., сите од СВР Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, казниво по член 143 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.
Пријавените, во својство на полициски службеници, на 06.03.2022 на улица„Благој Јанков Мучето“ во Струмица, при вршење на службени дејствија употребиле физичка сила и застрашување врз К.Х.
Против полициските службеници ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.