Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Досега се поднесени 139 барања за субвенционирање велосипед
Како транспарентна и отчетна Општина ја информирам јавноста дека до 18 овој месец по Јавниот повик за субвенционирање на купување велосипеди во 2022 година се поднесени вкупно 139 барања или од вкупниот буџет од 800 илјади денари за оваа намена потрошени се 497.325 денари, објави градоначалникот Костадин Костадинов.
-Ги повикувам граѓаните да го искористат ова субвенционирање и да си купат велосипеди.Јавниот повик важи за сите граѓани на општина Струмица и е отворен до исцрпувањето на предвидениот буџет, но најдоцна до 29 април, напиша Костадинов.