Лани зголемен број на пријави од граѓаните во „Систем 48“
„Систем 48“ функционира со зголемен број на пријави од граѓаните. Во периодот јануари – декември лани има пријавено вкупно 1.191 пријави, од кои решени се и одговорени 1.119 пријави. Останатите 72 се проследени до надлежните служби и се пријави во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа .
Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на улично осветлување -853, од областа на собирање смет -149, водовод и канализација -99, паркови и зеленило -65 , улици,патишта и тротоари -25 .
Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните за навремено пријавување на пријавите на бесплатниот телефонски број 080014848 и на моб.тел.076/484-848, за да може навремено да интервенираат и вооедно да ги решаваат пријавите доставени до Систем 48.