Заедничко барање на девет еколошки организации од Југоистокот Владата да ги поништи концесиите за рудникот Иловица

интегрален текст од соопштението
З А Е Д Н И Ч К О Б А Р А Њ Е
до Македонската Влада
– КРАЈ ЗА РУДНИКОТ НА СМРТТА! –
Ние, долупотпишани еколошки организации од Југоисточниот регион и пошироко, на состанок одржан во Струмица на 27.07.2026, усвоивме еден, единствен заеднички став, кој се состои во следново:
Во разумен рок, на седница на која ќе се решава за состојбата со концесиите за рудникот Иловица – Штука на псевдорударскиот концесионер Еуромакс Ресурси, Владата да постапи согласно силно изразениот став на суверениот народ против рудникот на смртта, манифестиран во различни форми во тек на 10 години, преку здруженијата:Владата МОРА да ги поништи концесиите за рудникот и конечно да го ослободи општеството од долгогодишната опасна тензија. Нагласуваме: ДА ГИ ПОНИШТИ, не да ги враќа на повторна постапка.
Владата ги има сите правни основи, механизми и јавната поддршка за тоа. Никакво друго решение не е прифатливо. Проектот Иловица-Штука ја згрозува не само Струмичката Котлина, туку и целата држава. Во спротивно, во догледен рок, ќе повикаме на сеопшт, сееколошки и сеграѓански отпор генерално против рудниците на смртта и другите облици на загрозување на природата, околината и здравјето.Ние немаме никакви други амбиции освен сопирање на погубниот проект.
Ги повикуваме сите еколошки здруженија во државата и други граѓански организации, Македонскиот народ и граѓаните на нашата Македонија надполитички и надпартиски да се солидаризираат со заедничкото БАРАЊЕ. Кон Владата апелираме за здрав разум и конечна одлука во полза на јавниот интерес и иднината на нашата држава и поколенијата по нас
……………….Потписници, според азбучен редослед:ЕКО-ДОЛИНА, Ново Село ЗДРАВА КОТЛИНА, Струмица ЗЕЛЕНА НАРОДНА СТРАЖА, Скопје ЈА ШТИТАМ БЕЛАСИЦА, Ново Село МЛАДИТЕ НА ШТУКА И ИЛОВИЦА, Босилово СПАС ЗА ГЕВГЕЛИЈА, Гевгелија, СПАС ЗА ПРИЛЕП, Прилеп СПАС ЗА СТРУМИЧКА КОТЛИНА, Струмица,CHANGEMAKERS 4 ALL, Гевгелија