Три карневалски групи од Струмица учествуваа на карневал во Бела Црква, Србија

Во периодот од 26 до 28 јуни 2026 година, три карневалски групи, кои се дел од големото семејство на Струмичкиот карневал успешно го претставуваа нашиот карневал и градот Струмица на Меѓународниот карневал во Бела Црква, Република Србија, соопштија од Струмичкиот карневал.

-Со своите креативни маски, богатата кореографија и препознатливата карневалска енергија, ООУ „Сандо Масев“ – Струмица, ООУ „Видое Подгорец“ – Струмица и Здружението „Фолкорна низа“, оставија одличен впечаток пред бројната публика и учесниците од повеќе земји, уште еднаш потврдувајќи дека Струмичкиот карневал е достоен претставник на долгогодишната карневалска традиција.Упатуваме искрени честитки и благодарност до сите учесници, ментори, наставници и организатори кои со својата посветеност придонесуваат за афирмација на Струмичкиот карневал и промоција на Струмица на меѓународната карневалска сцена, се наведува во објавата на фб страницата на Струмички карневал.