Пред монументалниот споменик на Делчев одбележани 154 години од неговото раѓање
Малолетник потешко повреден во сообраќајка во Струмица

Вчера во 20.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на раскрсницата од улиците „Маршал Тито“ и „Ристоман Попчевски“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ќ.У.(24) од Струмица и мопед „априлиа“ со германски национални ознаки, управувано од малолетно лице од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на меастото извршила екипа на Полициската станица Струмица.