fbpx

Министерот Николовски и земјоделците зедно ќе бараат решение за откупната цена на зелката

 Министерот Николовски и земјоделците зедно ќе бараат решение за откупната цена на зелката

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, по денешната средба со претставници на производителите на пролетна зелка од Струмичко, изјави дека заедно со земјоделците ќе бараат решение за откупната цена, која деновиве падна на 15 денари за килограм.

Според Николовски, има откуп и пласман на пролетната зелка од Струмичко, а за незадолството на производителите од откупувачите, кое беше искажана на денепната средба одбинван страна, рече.

-Сите откупувачи треба да знаат дека мора да работат согласно законските прописи. Мора да ги исполнуваат сите услови и дека не смее да се прави било каква манипулација, ниту при носењето на зелката во самите откупни пунктови, ниту со вагите, белешките, со сите  останати работи. Ние ќе ги собереме сите информации и Инспекторатот за земјоделство постојано ќе биде на терен, зашто нам ни е битно земјоделците да бидат заштитени. Никој не е привилегиран, не штитиме никој друг освен нашето домашно производство за кое се бориме, истакна Николовски.

Претставниците на земјоделците денешната средба ја оценија како конструктивна и истата се одржа на нивно барање по протестот од пред два дена кога тие побараа да зголеми откупната цена на пролетната зелка и да се сретнат со министерот.

-Во наредните три денови тројца членови од земјоделците ќе учествуваат во работната група, која ќе ги дефинира конкретните чекори како да се излезе од оваа состојба, ијави Драги Памуков, производител од село Куклиш.

Share via
Copy link