fbpx

Мотоциклист потешко повреден во сообраќајка во Струмица

Вчера во 14:15 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Ленинова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од В.П.(36) од село Пиперево, струмичко и патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(48) од Струмица, соопштија денеска од СВР Струмица.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. 

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link